ПОЛИТИКИ
 

Политики за користење на системот за електронска трговија Со самиот пристап на интернет страницата за електронски услуги на ЗОРА ДОО - Охрид, давате согласност дека ги прифаќате условите од оваа Политика за користење на системот за електронска трговија.

 

1. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КОРИСНИЦИТЕ НА КАРТИЧКИ
 

ЗОРА ДОО - Охрид ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи на Република Македонија. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Како лични податоци се сметаат: Име, Презиме, ЕМБГ, адреса, е-маил адреса и сл. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. ЗОРА ДОО - Охрид не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни.

 

2. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ДОВЕРЛИВИТЕ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ
 

ЗОРА ДОО - Охрид ги превзема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. ЗОРА ДОО - Охрид за целото времетраење на трансакцијата нема увид во бројот, датумот, валидноста и сигурносниот код на вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб страната на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за on line плаќање.

 

3. ПОЛИТИКА И УСЛОВИ НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ/УСЛУГИТЕ ОД АСПЕКТ НА РОКОВИ И НАЧИН НА ИСПОРАКА, ВО ЗАВИСНОСТ ОД ЛОКАЦИЈАТА НА ИСПОРАКА
 

Оваа Политика се однесува на испорака на производи порачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани преку Македонска Пошта АД Скопје, Глобко Логистик Скопје, Карго Експрес, Спиди Деливери на адресата која е наведена во порачката.

Плаќањето на производот што ќе биде порачан може да се плати електронски со картичка.

Поштенските трошоци се вклучени во цената на производот. За сите прашања во врска со испораката можете директно да контактирате на телефоните: 046 263 115. Видот на производите и нивните цени ќе бидат истакнати на интернет страницата на ЗОРА ДОО - Охрид.

Сите измени поврзани со испораката ќе бидат јавно објавени преку измена на оваа Политика за испорака.

4. ПОЛИТИКА НА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА ПО ТРАНСАКЦИЈА СО ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ 

 

ЗОРА ДОО - Охрид ќе врши поврат на средствата на купувачот, доколку биде направена погрешна уплата а правото може да се оствари со доставување писмено барање и доказ за уплата, во кое ќе се наведе датум кога е извршена погрешната уплата и во кој износ. Секоја промена на Политиките ќе биде објавена на интернет страницата на ЗОРА ДОО - Охрид.

5. ПОВЛЕКУВАЊЕ ОД ДОГОВОР НА ДАЛЕЧИНА ИЛИ ДОГОВОР СКЛУЧЕН НАДВОР ОД ДЕЛОВНИТЕ ПРОСТОРИИ НА ТРГОВЕЦОТ ОД СТРАНА НА ПОТРОШУВАЧОТ

Во случај на повлекување на потрошувачот од договорот на далечина или договор склучен надвор од деловните простории на трговецот, потрошувачот треба да го пополни Образецот за повлекување на потрошувачот од договорот на далечина или договор склучен надвор од деловните простории на трговецот. Образецот може да го најдете на следниов линк: /ckfinder/userfiles/files/Образец за повлекување од договор на далечина.doc

 

 

Политиките за користење на системот за електронска трговија, ќе се објават на интернет страницата на ЗОРА ДОО - Охрид, www.zora.com.mk.